“Лувр може да ги прими вредностите од Ирак и Сирија”

9 ноември, 20160
7

Францускиот претседател Франсоа Оланд рече дека во Лувр можат да се сместат загрозените вредности од Ирак, Сирија и други земји во кои беснее војна, а вредните уметнички дела, како што предложи тој, би можеле да се чуваат во безбеден објект за конзервација на север во Франција.

Таков објект, спрема неговите зборови, би можел да биде отворен во 2019 година во Ливен, 200 километри северно од Париз, пренесува сајтот на France 24.

„Главна цел на објектот во Ливен би била во него да се чува колекција од музејот Лувр“, рече Оланд на свеченото откривање на плочата со која е одбележана локацијата каде ќе  биде изграден објектот.

Меѓутоа, како што истакна, објектот за конзервација ќе има „уште една улога, за жал поврзана со случувањата, драмите и трагедиите кои се случуваат во светот, таму каде уметничките дела се во опасност, бидејќи терористите и варварите решиле да ги уништат… посебно во Сирија и Ирак“.

Францускиот претседател додаде дека неговата земја ќе го предложи тоа на конференцијата во Абу Даби во декември, што ќе биде посветена на загрозеното наследство, а на која, како се очекува, ќе учествуваат околу 40 земји.

На тој собир, како што е најавено, ќе биде формиран и фонд со цел да се соберат 100 милиони долари за да се помогне во спасување на загрозените уметнички дела.

На потребата за изградба на објектот за конзервација, укажано е во јуни оваа година кога Лувр поради поплавите во Париз, мораше да ги евакуира уметничките дела од подрум поради предострожност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma