Моќта на хидрогенската бомба: Најразорното оружје на светот!

10 јануари, 20160
3

Термонуклеарната или хидрогенската бомба, таа која Северна Кореја наводно ја тестирала во средата е најразорното оружје на светот.
Силата на бомбата се базира на експлозија којашто се ослободува при фузија на изотопи на водородот.

И атомската и хидрогенската бомба се видови на нуклеарно оружје, што значи дека енергијата се ослободува следствено на нуклеарна реакција. Меѓутоа, начинот на којшто се ослободува енергијата е различен, што доведува и до разлика во моќноста.

Разликата е во тоа што атомската бомба користи нуклеарна фисија, којашто поголемиот атом го дели на два помали како би се створила енергија.
Хидрогенската бомба пак, којашто е далеку помоќна од атомската, користи фузија, односно два или повеќе помали атоми ги спојува во еден голем.

Првата бомба била направена од САД во 1952-та година по што следувала првата проба на мал остров во Маршаловиот архипелаг.

Разрушувачката моќ на експлозијата ги надминала сите очекувања. Нејзината сила била проценета на 10.5 мегатони, што е за 450 пати повеќе од силата на бомбите коишто биле фрлени на Нагасаки. Пробниот остров буквално го снемало а на негово место бил креиран подводен кратер широк два километра.

hidrogenska-bomba-sto-znaci

Набрзо тестирања извршил и СССР како не би заостанале во трката за вооружување во текот на Студената војна. Советите биле тие коишто на Арктикот извеле проба на таканаречената царска бомба – најмоќна во историјата.

При тестот во 1961-та година, настанала нуклеарна печурка висока 64 километри, а широка 40 километри, пришто силата на експлозијата достигнала речиси два отсто од силата на Сонцето.

За среќа, до денешен ден, хидрогенската бомба не го напуштила своeто место од складиштата на големите сили, и никогаш не била употребена во воени цели.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *