Нема крај на несреќите: На Хаити, по ураганот, има околу 800 случаи на колера

25 октомври, 20160
11

Нема крај на несреќите: На Хаити, по ураганот, има околу 800 случаи на колера

Околу 800 случаи на колера се регистрирани на Хаити оваа недела, по ударот на ураганот Метју, соопшти вчера Светската здравствена организација (СЗО).

Бројот на инфицирани со колера порасна по ураганот, изјави претставникот за печат на СЗО Жан-Лик Понсле и додаде дека помеѓу 9-15 октомври се пријавени 773 случаи на колера.

Епидемијата на колера на Хаити започна во 2010 година кога беа заразени околу 300.000 луѓе, но последниве години бројката се намали под 30.000. Пред ураганот имаше 28.000 инфицирани.

Хаити, една од најсиромашните земји на светот сé уште не закрепна од земјотресот од 2010 година во кој погинаа илјадници луѓе и епидемијата на колера која следеше по тоа.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma