Одберете обетки во склад со вашата фризура

11 ноември, 20160
9-copy

Изборот на накит е исто толку важен како и изборот на фризура и облека. Накитот може да го збогати вашиот изглед, да му даде шарм, но исто така може и да го уништи. Обетките се речиси неизбежен дел од накитот, но во посебни моменти на жените не им е воопшто лесно да изберат какви обетки одговараат на одредена облека или пак фризура. За да не се двоумите, еве неколку интересни совети кои ќе ви помогнат во решавање на овие недоумици. Не заборавајте дека обетките треба да одговараат со останатиот накит и облеката која ја носите.

Обетки за подигнати фризури

Овие фризури се измислени за покажување на убавите обетки. Кога се работи за некоја формална или свечена пригода можете да одберете богати висечки обетки. Доколку пак сте се одлучиле за помодерна фризура одберете обетки со геометриски облик или пак ретро обетки.

Кратка фризура

Кога имате кратка фризура ушите се изложени на повеќе погледи, што значи дека и обетките ќе привлекуваат повеќе внимание. Затоа обетките треба да бидат внимателно одбрани. Имајте на ум дека обетките не треба да бидат премногу нападни, бидејќи така ќе го одвлекуваат вниманието од вашиот целокупен изглед. Одберете класични или модерни мали обетки, обетки кои излегуваат надвор од работ на увото, или кратки висечки обетки, кои сепак ќе бидат доволно дискретни.

Средно долга коса

Ако вашата коса е со должина помеѓу брадата и рамениците, можете да носите буквално секакви обетки, но менувајте ги во зависност од облеката, пригодата и расположението. Ако сакате да ги нагласите обетките, ставете ја косата зад ушите. Ако имате боб фризура, а сакате косата да ви изгледа подолга одберете обетки чии врвови ќе бидат малку под линијата на косата.

Долга виткана коса

Кога станува збор за изборот на обетки секогаш важи златното правило – без разлика дали косата ви е права или виткана, секогаш одберете обетки чиј облик е спротивен на текстурата на вашата коса. Тоа значи дека на витканата коса и прилегаат обетки со прави линии и мазни површини.

Долга права коса

Долгата права коса не им оди во прилог на обетките од една едноставна причина – таа ги прикрива. Ако сакате да носите обетки кои ќе се гледаат, стилизирајте ја вашата коса така што ќе паѓа зад ушите. Исто така може да се случи долгата коса да ви се заплетка во обетките, па затоа одберете обетки со смел дизајн и рамни површини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma