Освоила 43 милиони долари во казино, а потоа следело РАЗОЧАРУВАЊЕ!

2 ноември, 20160
12

Катрина Букман, жената која во август во едно њујоршко казино освоила 42.9 милиони долари на слот апарат, судејќи по сè на крај назад ќе го добие само својот влог: два долари и 25 центи.

Имено, сопствениците на казиното на среќната добитничка и кажале дека апаратот откажал. Наместо огромната награда и понудиле утешна.

За жал, во меѓувреме, на страна на казиното застанала и Комисијата за игри на среќа, па прашање е од каква корист ќе биде најавеното одење на суд.

– Во ред е кога апаратите на играчите им земаат пари, но кога треба да им исплатат, тогаш настануваат проблеми, изјавил нејзиниот адвокат Алан Рипка, кој се обидел да се договори со сопствениците на казиното.

Од нив побарал на Букман да и ја исплатат барем максималната добивка на апаратите, 6.500 долари, но и тоа го одбиле, правдајќи се дека тоа не им го дозволува законот.

Што ќе каже судот, ако Букман во меѓувреме не се откаже од тужбата, останува да се види, но бројни веруваат дека на несудента богаташка на крај ќе и остане само фотографијата како спомен на големиот џекпот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma