Шу Ксин од Кина е забележана на самитот Г20 и стана интернет сензација, при што корисниците на социјалните мрежи ја прогласија за најубавата телохранителка. Пред оваа работа, таа работела во војска.
Ксин е припадничка на војската задолжена за обезбедувањето на овогодинашниот самит Г20, а откако некои фотографии од самитот се појавија во јавноста, таа стана хит на социјалните мрежи. Шу Ксин работи во Народната ослободителна војска, а родена е во градот Гуиџанг.
Нејзе ја прогласија за најзгодната телохранителка на светот, а многу брзо ја сместија и во топ 10 најубави жени во војската.
Наводно, родена е во 1990 година, но Кинезите не сакале да дадат какви било други информации за неа бидејќи ги сметаат за доверливи.
Сепак, во нивните медиуми се појавиле информации дека оваа убавица во слободно време сака да пее и дека го освоила второто место на едно локално натпреварување во пеење.