Едноличната исхрана најмногу ја ослабува способноста на организмот да се избори со болестите.Затоа е важно редовно да консумираме овошје и зеленчук, особено она што е богато со витамин С.
Цинкот го намалува траењето на настинката, а го има во јагнешкото и свинското месо, во семките и во оревите, во житариците и во морските плодови.
Со цел да поминете здрава зима и да не се разболувате, направете го овој рецепт, кој служи како вистинска витаминска „бомба“.
Потребни ви се:
- 100гр суво грозје
- 150гр ореви
- 100гр бадеми
- сок и кора од 2 органски лимони
- 100гр суви кајсии
- 100гр суви сливи
- 250-300гр мед
Сомелете го сувото грозје, оревите, бадемите и лимоновата кора, додајте го сокот од лимон, измешајте и ставете ги измелените суви сливи и кајсии. Измешајте и додадете мед. Ставете ја смесата во тегла и оставете ја да постои на темно место ден-два, па потоа преместете ја во фрижидер. За деца постари од 3 години се препорачува по една лажичка два пати дневно, а возрасните по една до две лажички три пати дневно.