Победете ја настинката: Лесен и брз лек за имунитет

7 ноември, 20160
6

Едноличната исхрана најмногу ја ослабува способноста на организмот да се избори со болестите.Затоа е важно редовно да консумираме овошје и зеленчук, особено она што е богато со витамин С.

Цинкот го намалува траењето на настинката, а го има во јагнешкото и свинското месо, во семките и во оревите, во житариците и во морските плодови.

Со цел да поминете здрава зима и да не се разболувате, направете го овој рецепт, кој служи како вистинска витаминска „бомба“.

Потребни ви се:

  • 100гр суво грозје
  • 150гр ореви
  • 100гр бадеми
  • сок и кора од 2 органски лимони
  • 100гр суви кајсии
  • 100гр суви сливи
  • 250-300гр мед

Сомелете го сувото грозје, оревите, бадемите и лимоновата кора, додајте го сокот од лимон, измешајте и ставете ги измелените суви сливи и кајсии. Измешајте и додадете мед. Ставете ја смесата во тегла и оставете ја да постои на темно место ден-два, па потоа преместете ја во фрижидер. За деца постари од 3 години се препорачува по една лажичка два пати дневно, а возрасните по една до две лажички три пати дневно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma