
Хрватската пејачка Северина се уште ужива во февруарскиот одмор на преубавите песочни плажи во источниот дел од Африка.

И додека сите ние нестрпливо ја очекуваме пролетта, Северина Којиќ веќе цела недела ужива во топлата Африка од каде постојано објавува егзотични разгледници на кои се гледаат преубавите бели песочни плажи.

Од кога е во брак со Игор, Северина изгледа сé поубаво, а доказ за тоа се и овие фотографии на кои се гледа дека нејзиното тело е во совршена форма.