Што ќе се случи со автомобилската индустрија во наредните 10 години?

popara1 ноември, 20161min00
11

Од година во година технологијата  која се користи во автомобилската индустрија станува се понапредна, а тоа тоа и моделите кои што се пласираат на пазарот.

Што нè очекува во идината судејќи по плановите на големите автомобилски компании?

2017 – Технологијата како Bluetooth конекцијата, GPS навигацијата, сензорите за паркирање и слично која пред една декада беше резервирана исклучиво за автомобилите од високата класа ќе биде сметана за стандардна опрема. Конективноста ќе ги направи самите автомобили hotspots за WiFi интернет, а апликациите за смартфоните ќе можат да се прикажуваат и на командната табла. Автомобилите ќе станат вистински мобилни уреди

2018 – Опциите за автономно возење ќе бидат дел од функциите на сите нови автомобили. Функциите како асистенција за менување ленти, прилагодлива контрола на патувањето и системи за автоматско кочење, ќе бидат означени како технологија за асистирање при возењето и ќе им овозможат на автомобилите да функционираат полу-независно (Level 3 автономност)

2021 – Првите продукциски автономни возила (Level 4) ќе се појават на пазарот, а проценката е дека до крајот на годината околу 10 милиони вакви возила ќе бидат на патиштата. Комуникацијата помеѓу возилата ќе биде стандард, а интерната мрежа ќе им овозможи да се детектираат едни со други. Преку гласовни команди ќе може да се активираат музика (која ќе биде складирана во cloud сервери), видео и приказ на разни податоци.

2026 – Комплетно автономните возила кои ќе возат без шофери ќе бидат доволно софистицирани за секојдневна употреба. До тогаш би требало да бидат донесени и разни закони и регулации, како и решени моралните прашања поврзани за нивната употреба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag