Според британските медиуми, може да се очекува дека од 2040 година земјата забранува продажба на нови автомобили кои користат бензин и дизел, со цел да се намали загаденоста на воздухот и емисијата на штетни гасови.
Планот на Велика Британија е да се подобри квалитетот на воздухот, а како обврска ќе наметне користење на автомобили со електричен погон, а може да се случи и целосно да се забранат мотори со внатрешно согорување, па дури и забрана за хибриди.
Како што наведува министерот за животна средина на Велика Британија, Мајк Гов, планот е да се прочисти ужасниот квалитет на воздухот во Британија, особено во големите градови како што е Лондон.
Меѓутоа, автомобилите кои се со внатрешно согорување, а кои во моментот се користат, нема да бидат забранети за употреба.
Слични изјави даде и Франција, а компанијата Volvo гордо изјави дека од 2019 година ќе продава само електрични автомобили.