Клинт Бафингтон пронашол порака во шише на плажа на Карибите и ја вратил на семејството за кое била наменета, 50 години откако пораката била фрлена во Атланскиот океан.
Клинт Бафингтон од Јута, САД, во 2011 пронашол стаклено шише Кока Кола додека шетал на плажа. На хартија на шишето пишувало „погледни внатре“, а внатре имало порака напишана 1960 година.
Во пораката пишувало: „Вратете ја пораката на адресата 419 Булевар и ќе добиете награда од 150 долари од Тина, сопственичка на мотелот Бичхомбер“.
Денес, пет години по откритието, го вратил шишето на ќерката на човекот кој го фрлил во вода.
Клинт ја пронашол Паола Пирс откако со денови трагал по неа. Нејзините родители, Паул и Тина го купиле мотелот Бичхомбер во градот Хамптон далечната 1960. Мотелот е продаден, а и Паул и Тина починале пред 25 години.
Тој прво дознал во која држава се наоѓа мотелот, потоа ги повикал локалните власти, поминал милион повици како би дознал кои се поранешните сопственици на мотелот, и на крај дошол до Паул и Тина.
Кога конечно се сретнал со нивната ќерка, Клинт бил многу возбуден. Како што пораката нагласувала, иако Клинт одбивал, Паула Пирс, како награда му дала 150 долари.