
Амбер Херд не изненади со необичната модна комбинација.
Познатата актерка Амбер Херд најчесто ја гледаме во сензуални и елегантни изданија, во комбинација со гламурозна брановидна коса, па затоа со последната комбинација на облека навистина нè изненади.
За премиерата на филмот Aquaman таа одбра прекрасен Valentino фустан со цветни детали во смарагдно зелена боја, а фустанот го искомбинира со капа за пливање од истиот материјал. Иако станува збор за невообичаен избор, оваа комбинација одлично функционира на црвениот тепих, а доколку се земе во предвид темата на филмот, овој избор сигурно не е бесмислен.