Добила на лотарија, но нема среќа во љубовта: Му давам 60.000 фунти на момчето кое што ќе сака да биде со мене!
Ова е уште еден доказ дека со пари не се купува се, а тоа особено се однесува на среќата и љубовта.
Џејн Парк (23), Британка која освоила милион фунти на лотарија на 17 години, нуди 60.000 фунти годишно на нејзиното идно момче, односно на оној кој ќе сака да поминува време со неа.
Џејн секојдневно ужива во скапи работи, оди на луксузни патувања, но сфатила дека нешто и недостасува во нејзиниот живот.
Откако добила на лотарија, таа нема среќа во љубовта. Никогаш не е сигурна дали некој е со неа бидејќи е богата или затоа што навистина му се допаѓа.
Милион освои кога прв пат играше Лото, а во последниве години ги зголеми своите гради и го подигна задникот, а светот неодамна и се сруши кога раскина со нејзиното дотогашно момче, 19-годишниот фудбалер Џордан Пиџот.