Дуа Липа (23) е денес светски популарна пејачка: Да не заминев од Косово, никогаш немаше да бидам успешна!

28 ноември, 20180
дуа липа 0

Дуа Липа денес е една од најpoзнатите пејачки во светот и иако има само 23. години, таа продаде 32 милиони синглови низ целиот свет.

За една пригода Дуа Липа изјави како немала да биде успешна пејачка  доколку  како тинејџерка не го напуштела својот дом во Приштина. Таа додаде дека е многу вознемирена поради фактот што многу млади луѓе во Косово никогаш нема да имаат таква шанса.

Липа е родена во 1995 година во Лондон. Нејзините родители се косовски Албанци, а додека таа била многу мала, тие се вратиле накратко во Косово, а потоа одлучиле да го продолжат својот живот во Лондон.

„Некој за време на разговорот ми кажа:” Се чини дека имаш имигрантска работна етика “, а тогаш ми се чинеше како многу невообичаен коментар“, се сеќава младата пејачка.

Дуа вели дека разбира на што мислел новинарот, бидејќи таа научила од нејзините родители дека мора да биде вредна и работлива.

„Гледајќи ги како истовремено работат по неколку работи , дење и ноќе, сфатив дека до ништо не се доаѓа по едноставен пат и дека за сето тоа што ќе посакате да го постигнете треба да работите многу напорно “, вели таа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi