
Кендал Џенер често сака да се шегува на сметка на нејзините сестри и нивниот голем број деца, но овој пат таа се пошегува малку на сопствена сметка.
Всушност, прекрасната манекенка на Денот на благодарноста на нејзиниот Instagram профил објави фотографија во бикини од одморот на кој се наоѓа, а подолу напиша: „Сите мои сестри и браќа објавуваат фотографии со децата, а јас од друга страна …“
Кендал, исто така, сподели дел од празничната атмосфера од куќата на мајката Крис Џенер каде го собра целото семејство, освен Клои, која Денот на благодарноста го прослави со својата ќерка и сопруг.
Додека нејзината сестра Ким се пофали со „малку поинаков“ make up за кој овој пат беа заслужни нејзината ќерка Норт и ќерката на нејзиниот брат Роб.