Google откри еден трик! Направете го ова и продолжете го животниот век на батеријата на вашиот Android

19 ноември, 20180
new

Потврдено е дека функционира!

Dark mode ја чува батеријата, потврдија од Google.

Во презентацијата што се одржа на Android Dev Summit, од Google потврдија дека dark mode, односно темниот начин на работа на оперативните системи и апликации, има позитивни ефекти врз времетраењето на Android-батеријата.

Темниот режим е опција која ја менува бојата на темата на оперативниот систем или апликацијата во црна боја. Долго се зборува за ефектот на dark mode врз векот на батериите, но ова е првпат навистина да биде потврдено, пишува Business Insider.

Во текот на презентацијата, од Google покажаа податок за ефектот на темниот режим врз батеријата кога се користи во апликацијата YouTube. Се покажа дека на потполна светлост во dark mode штеди 43 % од батериjaта во споредба со нормална состојба или „normal mode“ кој користи многу бела боја.

Google призна и дека погрешиле затоа што ги охрабрувале девелоперите да користат бела боја во своите апликации, како и во апликацијата на Google.

Многу апликации им нудат на корисниците можност за „dark mode“, но не и за сите, а повеќето како главна боја ја користат белата.

Ако сакате батеријата да ви трае подолго – знаете што да направите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi