Шминкањето нема исти правила за летната и за зимската сезона. Во зима им е особено тешко на лицата со сува кожа, а познатиот шминкер Едвард Круз советува како да избегнете „препудрување“. Имено, тој препорачува во зима да се нанесува пудрата со помош на сунѓерче. Нежно натапкајте ја и нанесете некое хранливо масло за лице и тоа само на деловите што се суви. На тој начин ќе постигнете блескав и свеж тен.