Мел Би ги отстрани тетоважите кои ја потсетуваа на поранешниот сопруг: Остатоците од кожата ги чувам во тегла

30 ноември, 20180
мел

Мелани Браун, позната како Мел Би, повторно ја шокираше јавноста со изјавата дека остатоците од кожата по отстранувањето на тетоважите меѓу кои беше и името на нејзиниот сопруг ги чува во тегла!

„Хируршки отстранив дел од кожата, бидејќи од ласер премногу се плашев. Знам дека звучи чудно, но остатоците од кожата ги чувам во стаклено шишенце во гардероберот. Чувството е како да сте силувани, и силно се трудите да измиете сè од себе. Не сакав да имам ништо што ме потсетува на него “, призна Мел.

Сеуште не е познато зошто се одлучила на ваков бизарен чекор, а остатокот од нејзиното признание, пејачка го пренесе во нејзината книга „Брутално искрено“.

Поранешниот сопруг на пејачката, Стивен Белафонте, минатата година во текот на бракоразводната парница таа го обвини за злоставување, тврдејќи дека ја оставил со само неколку куфери. Белафонте ги негираше овие тврдења, а Мел мораше да му плаќа алиментација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber