Ја офарбала косата, а потоа почнала да и расте главата

30 ноември, 20180
глава

Естела (19) преку ноќ доби неприродна форма на главата, слична на знакот каро во картите, кога едно обично бојадисување на косата тргна на лошо.

– Ја офарбав косата, а потоа главата почна ненормално да ми расте, се додека не морав да се борам за мојот живот. Се ова се случи поради честата хемикалија која ја содржат фарбите – вака ја започна својата приказна Естела (19) студентка од Париз.

Таа доживеала тешка алергиска реакција од бојата за коса која ја купила во супермаркет, а фотографиите што ги направила по бојадисувањето на косата покажуваат како нејзината глава речиси двојно се зголемила.

Како што пишуваат француските медиуми, сè се случило поради парафинилендиаминската хемикалија (PPD), која се наоѓа во голем број на фарби за коса и е најчестата причина за алергиски реакции.

Естел го послушала советот кој го пишува на секоја фарба за коса – прво да се нанесе на мал, скриен дел од телото, но наместо да чека 48 часа, нетрпеливата девојка почнала да се фарба само половина час подоцна.

Набрзо почнала да чувствува печење и чешање на главата, па се напила антихистамин, но наутро состојбата драстично се влошила.

Обемот на главата и пораснал дури до 63 сантиметри, а до ужасното чувство придонесе и фактот дека и јазикот и отекол.

– „Не можев да дишам, главата ми изгледаше како сијалица. Јас речиси ќе умрев и не сакам ова да му се случи на некој друг “, предупреди таа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi