Не им одеше: После 21 година брак Роберт де Ниро пред развод

21 ноември, 20180
robert

Холивудската легенда веќе некое време живее одвоено од сопругата.

Американскиот актер, режисер, продуцент и двоен добитник на Оскар и Златен глобус, Роберт Де Ниро, се разведува после 21 година брак од неговата сопруга Грејс Хајтауер.

Де Ниро во последно време доаѓа сам на настаните, а двојката веќе одамна не живее заедно.

Извор близок на парот открива дека Роберт и Грејс официјалните информации за разводот ќе ги објават во наредните недели.

Ова не е првата разделба на парот, бидејќи во 1999. година, само две години по венчавката, актерот веќе побара развод, но никогаш не дојде до него.

Наместо тоа, двојката ги обнови своите завети на вечна љубов во 2004. година. Тие имаат две деца, дваесетгодишниот син Елиот и шестгодишната ќерка Хелен.

На Де Ниро ова ќе му биде втор развод, бидејќи во 1988. година се разведе од својата прва сопруга Дијана Абот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber