Никако двете во комбинација: Кога треба да користиме балзам, а кога маска за коса?

26 ноември, 20180
kosa

Еве зошто всушност никогаш не треба да ги користиме овие два препарати заедно.

Ако досега нешто научивме, тоа е дека поголемиот дел од производите за убавина не ги користиме на вистинскиот начин или дека имаат некоја друга цел. Ако отсекогаш сте се прашувале кога треба да ставите регенератор за коса, а кога е доволно маска, или треба да ги нанесете и двата препарати, сега имаме одговор.

Досега научивме дека прво го ставаме шампонот, потоа регенераторот и на крајот маската за коса. Ние ќе откриеме нешто многу важно  – ова не е потребно да го правите! Од вашата коса зависи што и кога ќе нанесете. Ако ја третирате вашата коса со силни хемикалии и бои, регенераторот или балзамот за коса не можат да ви помогнат, бидејќи се слаби. Во тој случај, подобро е веднаш да се префрлите на маски кои ќе ја хранат вашата коса. За многу оштетена коса, се препорачува нанесување на маска при секое миење, додека за мали оштетувања е доволно на секое второ миење.

А што да направите ако вашата коса е здрава и сјајна?

Обратна ситуација. Оние кои имаат премногу силна и здрава коса, треба да ги избегнуваат маските. Балзамот е доволен, а исто така ќе помогне и за полесно расчешлување после секое миење на косата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber