Блогерката Естер Андерсон сними видео со кое се обиде да одговори на прашањето зошто мајките никогаш ништо не стигнуваат. Таа го снимила својот ден со ќерката Елија, која не престанува да ја попречува во извршување на секојдневните работи.
Забавното видео кое има повеќе од 50 милиони прегледи на Фејсбук, прикажува еден типичен ден во нејзиниот дом во Тексас, каде што живее со својата ќерка Елија и сопругот Тед. Во еден дел можеме да ја видиме класичната сцена – мајката се обидува да простира алишта, но набрзо ќерката почнува да ги расфрла по подот.
Додека мама чисти, таа обожава да се валка во прашина, а една од нејзините омилени активности е да си игра покрај прозорецот додека нејзината мајка од другата страна го чисти.
Естел го објави ова видео за да ги сподели своите искуства и да го покаже мајчинството од друга гледна точка.
„50 милиони прегледи за само 24 часа ми покажува дека не сум единствената која го има овој проблем. Мислам дека секоја мајка може да се поврзе со ова “, вели вредната мајка. Погледнете го ова интересно видео …