Нов рекорд: Сондата Паркер се приближи до Сонцето, најблиску до сега

31 октомври, 20180
rekord

Соларната сонда Паркер, на американската вселенска агенција НАСА, е поблиску до Сонцето од  кој било вселенски брод досега. Паркер го надмина рекордот од 43 милиони километри од Сонцето, кој во 1976 година го постави сондата Хелиос-2. Ќе продолжи да се приближува до Сонцето додека наредната недела за прв пат ќе помине низ короната, надворешната Сончева атмосфера, 24 милиони километри од површината на нашата ѕвезда.

Паркер ќе се приближи до Сонцето 24 пати во текот на следните седум години, а најмалото растојание ќе биде само шест милиони километри. Лансиран во август, Паркер во текот на ноќта ќе постави уште еден рекорд  – надминувајќи ја рекордната брзина на Хелиос-2 од 247.000 километри на час.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi