Нов тред во фарбањето: Необичната боја на коса ги освои социјалните мрежи

19 ноември, 20180
Capture

Ќе ја пробаат само најхрабрите девојки!

По шминката, облеката и модните додатоци, металниот тренд го најде својот пат и до бојата на косата. Омилената кошула, чевли, сенка или чанта сега можете да ги усогласите со бојата на вашата коса – металик бојата е новиот хит на нијанси и она што е сигурно е дека не можете да поминете незабележано. Оваа необична боја за коса ќе ги воодушеви сите љубители на впечатливи нијанси кои не копнеат кон природниот изглед на косата. Според објавите на Instagram , можеме да заклучиме дека металната боја, заинтригира голем број на дами кои ја посакаа оваа есен.

Идеалната празнична боја првично се појави во сребрени тонови, а во меѓувреме, настанаа варијации кои играат со различни нијанси на метален одсјај. Значи, благодарение на најновата технологија, секоја боја за коса може да има рефлективен сјај што ќе ве издвои од масата. Сребрена, златна, розева, пастелно сина, нијансите се безбројни, а ваше е да ја одберете онаа која најдобро ќе и одговара на вашата личност.

Ако немате храброст да ја обоите целата ваша коса во оваа популарна боја, секогаш можете да изберете прамени или омбре со метални краеви. Дали сте подготвени за овој тренд?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi