Обрнете внимание: Шминкерката открива која грешка ја прават жените со кафеави очи кога се шминкаат!

9 ноември, 20180
make up

Бојата на сенките за очи и ајлајнерот можат да бидат вашите најдобри пријатели, но и непријатели доколку не ги изберете оние кои ви одговараат.

Кафеавите очи можат да бидат мистериозни, егзотични, заводливи и полни со живот – и тоа во исто време, но важно е да ги нагласите со шминка.

Се разбира, суштината на шминкањето на убавите кафеави очи е во изборот на производи кои ќе ги нагласат, а не да ја отстранат нивната природна убавина.

Најчеста грешка, според експертите за шминка, која може да ја направат  жените со кафеави очи е да купат сенки во кафеава боја. Сите сакаат неутрални бои, но жените со темни очи треба да бидат внимателни и да не избираат бои што ќе изгледаат „слично“ на нив.

 

„Избегнувајте мат, кафеави сенки кои се вклопуваат со вашата боја на очи. Често, жените со кафеави очи мислат дека кафеавите бои ќе изгледаат природно на нив, но на кафеави очи, кафеава сенка изгледа уморно и еднолично. Ако сакате природен изглед, префрлете се на сенка со бронзена боја со сјај или со сива нијанса, ако имате посветол тен “, вели шминкерката Џенифер Торотер, додавајќи:

„Ако имате потемен тен, за вас се идеални златната и шампањ боја. Уште еден важен совет: Секогаш избирајте формула со суптилен сјај, не светки, и овие сенки ќе ви ги отворат очите и  ќе ја  истакнат нивната боја.“

За „smokey eyes“, Џенифер препорачува уште еден совет:

„Не купувајте црн eyeliner само поради тоа што изгледа одлично на зеленооката Адел.  За да креирате Smokey eye ефект за кафеавите очи, треба да размислувате надвор од кутијата . Црниот eyeliner може да изгледа без врска на вас. Обидете се со темна боја на јаглен (сиво-сина нијанса) или темна тегет боја. Вашите очи навистина ќе блескаат. “

За крај, Џенифер ги предупредува жените со кафеави очи да не заборават на нијансите на кармини и руменила.

„Да користите беж, кафеави нијанси за усните и образите не е добра одлука. Наместо овие бои, користете розеви нијанси кои одлично ќе одговараат со сè.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi