Дуа Липа повторно ни докажа дека вреди да се ризикува на црвениот тепих.
Дуа Липа навистина имаше успешна година, по неколку хит синглови и успешен албум кои беа проследени со две номинации за престижната Grammy награда, и покрај сето тоа, таа докажа дека е една од најдобро облечените жени, а тоа го покажа повторно на настанот 2018 Billboard Women In Music.
За оваа прилика, Дуа одбра невообичаена комбинација на облека, наместо мини фустан кој таа обожава да го носи и и стои совршено, таа одбра одело со боја на кожа, за чиј дизајн е заслужен италијанскиот дизајнер Alberta Ferretti, а оделото го искомбинира со crop top, светкави Jimmy Choo чевли и обетки кои совршено одговараа со мокриот изглед на нејзината коса.