Парот е венчан 49 години, а оваа промена ги натера повторно да се заљубат еден во друг

30 август, 20180
maxresdefault

Џо и Кевин Тајлер се сретнаа кога имаа 14 и 16 години. И двајцата биле во тинејџерски години и оттогаш биле вљубени, а 49 години подоцна нивната љубов се уште е силна. Тие имаат пет деца, 14 внуци и 12 правнуци, а сеуште неизмерно се сакаат. Тие се најдобрите пријатели, заедно се забавуваат и патуваат низ државата на моторот на Кевин.

Иако се сакаат себеси за тоа кои се тие и како изгледаат, мала промена е токму она што им било потребно на денот на вљубените оваа година. Со помош на тимот стилисти, Луис Личари и Џил Мартин заедно успеаја да ги изненадат овие двајца заљубени.

Џо и Кевин ја претпочитаат функционалноста повеќе од стилот, и со текот на годините тие не посветиле многу внимание на изгледот. И двајцата носеа широки алишта и имаа долги коси, а Кевин имаше брада до градите. Тој дури споменал како некогаш се натпреварувал за најдобрата брада.

Луј и Џил сменија многу работи на нив, а кога излегоа изгледаа фантастично, како да беа подмладени. Изразот на нивните лица кога се видоа е бесценет и вредеше. Со нов изглед и нова облека се сакаат и денес, како и кога се сретнаа.

Погледнете го видеото подолу за да ја видите оваа трансформација:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi