Селена Гомез ја претстави новата линија на спортска облека што ја дизајнираше за Пума. Пејачката, исто така, се појавува во кампањата SG X Puma наречена „Strong Girl“. Инспирирана од нејзините иницијали, Селена сака да им покаже на денешните девојките дека моќта е еден од најважните квалитети, а тоа се разбира е во согласност со вредностите што ги промовира Пума.
Во промотивната кампања, Селена се појавува заедно со нејзините пријатели, „Моќта е нешто што се обидувам да го поседувам секој ден. Сакав да создадам колекција во која жените ќе се чувствуваат секси, силни и моќни. Го сакам секое парче кое го дизајнирав и се надевам дека ќе ги инспирира другите да ја најдат својата внатрешна силна девојка “, изјави Селена.
Колекцијата SG x PUMA Strong Girl ќе биде објавена на 12-ти декември во избрани продавници ширум светот.