Рецепт кој согорува килограми!
Адриана Лима го откри рецептот за нејзиниот шејк за слабеење кој содржи три состојки, за кој вели дека и помага да ја одржува линијата.
Лима призна дека нема волшебно апче поради кое изгледа толку добро и треба напорно да се работи за витко тело, но таа нагласи дека хидратацијата е најважна и секогаш има неколку шишиња вода заедно со неа.
По будењето, Адриана, за појадок го пие токму овој пијалок кој го прави со органски намирници и тврди дека поради шејкот има рамен стомак.
Овој шејк го забрзува метаболизмот и ве заситува најмалку два часа:
Состојки:
- 1 чаша вода
- ½ авокадо
- мед
Подготовка:
Ладната вода ставете ја во блендер. Исечете го авокадото и ставете половина од авокадото во блендер. Блендирајте додека смесата не се соедини, а потоа додадете мед по вкус и повторно блендирајте.
Ако сакате пијалокот да има повеќе протеини, наместо вода, ставете чаша млеко и половина чаша обичен јогурт.
Пријатно!