Родителите ја бараа изгубената ќерка 24 години, се додека една жена не ја виде нејзината слика!

3 мај, 20180
1

8 јануари 1994 година беше најлош ден во животот на Ванг Мингкинг и Лиу Денгинг. Додека на нивното работно место продавале овошје во Кина, покрај нив била тригодишната ќерка, Кифенг.

Тие во сеќавање кажуваат дека пазарот бил полн и дека Ванг немал ситен кусур да му врати на муштеријата. Отишол до соседната тезга за да позајми пари, но кога се вратил останал во шок. Неговата ќерка не беше таму.

Родителите се обидуваат да ја довикаат, го обиколија целиот пазар и ги прашуваа луѓето дали некој ја видел. Никој не знаел каде отишла. Неколку години им поминаа барајќи ја, но се беше залудно. Ги проверуваа домовите со деца оставени од родителите, поставуваа огласи во весниците…

Во 2015 година, Ванг стана такси возач и се сетил да стави налепници во автомобилот. Наместо слики од Кифенг, Ванг ставил слики од својата друга ќерка, која премногу личела на неа. Имал претчувство дека еден ден можеби ќе влезе во неговото такси.

Семејството немало среќа да ја најде Кифенг, се до еден полициски цртеж кој беше нацртан од професионалец како би изгледала таа во овој момент. Жена со има Канг Јинг беше изненадена кога го виде цртежот, бидејќи знаеше дека нешто треба да се сподели со тоа семејство. Канг Јинг всушност беше нивната ќерка Кифенг!

Проверете ја оваа интересна приказна во ова видео:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi