Водоинсталатер од Ирска ископал тунел од својата спална соба до локалниот паб кој се наоѓал на 800 метри далеку од неговата куќа.
За тоа му биле потребни цели 15 години, а идејата му дошла откако го изгледал филмот „Бегство од Шошенк”. Причината- неговата сопруга премногу р’чела.
“Мојата сопруга има проблеми со рчењето. Откако го изгледав филмот „Бегство од Шошенк” во 1994 година, одлучив да преземам нешто во врска со тоа, па започнав да копам дупка под креветот во правец на пабот. Ги користев сите можни врсти на алати, од лопата до брусалица, која успеав да ја однесам во тунелот кога жена ми беше да пазари. Дури во 2009 година успеав да излезам на другата страна и тоа во женското ВЦ” – изјавил Петси.
Петси изминатите 5 години секоја вечер одел во пабот во 11 часот навечер и се враќал еден час после полноќ.
Неговата жена не ни сетила дека нејзиниот маж работи и каде оди кога таа ќе заспие.
“Да бидам искрен, драго ми е што сум фатен. Жена ми секогаш наутро сеќаваше дека мирисам на алкохол, а јас одговарав дека тоа е мојот природен мирис. Беше прашање на време кога некој ќе ме фати. Сопственикот на пабот прашуваше како секогаш доаѓам од нигде никаде во исто време и како исчезнувам од женското ВЦ” – додал Ирецот.
Тунелот е откриен откако избил проблем со канализацијата кој бил предизвикан со пукање на цевка која Петси случајно ја удрил додека копал.