Шестгодишното момче боледува од Алцхајмеровата болест, а неговата незапирлива постара сестра се бори за неговиот живот

31 август, 20180
maxresdefault

Во видеото ги моли луѓето низ целиот свет да ѝ помогнат да го спаси својот мал брат од реткото заболување.

Ако нешто знаеме за браќата и сестрите, тоа е дека тие секогаш ќе си го чуваат грбот. Секогаш ќе се борат еден за друг до самиот крај, а пример е оваа мала девојка, само што таа отиде еден чекор понатаму. Видеото подолу започнува со реченицата “Моето име е Софија, имам 7 години и ми треба вашата помош”.

Во видеото моли луѓе низ целиот свет да ѝ помогнат да го спаси својот мал брат од реткото заболување. Објаснува дека ѝ е потребна помош бидејќи нејзиниот брат Картер Саркар е многу посебен за неа, и неговата смрт би и го скршила срцето.

Картер боледува од болестта Санфилипо, позната како детска Алцхајмерова болест. Дијагнозата му беше поставена кога имал само 6 години, и покрај тоа што Софија беше скршена, ништо не можеше да ја спречи во нејзината борба. Нејзината мајка вели дека таа е најдобрата постара сестра и дека е подготвена да стори сé што е потребно за да се оствари она што го наумила.

Санфилипо е невролошка болест која го спречува Картер да успее да направи работи што неговите врсници ги можат. За жал, заради ова болест, многу брзо ќе ја изгуби способноста да зборува, да голта и да оди. Исто така, ќе има и деменција. Моментално може да игра со својата сестра и семејство, пее и да танцува, а неговата фамилија отвори GoFundME страница за да собере пари за негово лекување.

Погледнете го видеото на Софија во прилог:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi