Третото продолжение на „Sex and the city“ би било целосно поразлично: Продолжението на филмот е планирано без овој актер

20 ноември, 20180
Capture

Фимлот без овој главен актер сигурно не би бил толку популарен!

Иако веќе не се надеваме дека ќе има трето продолжение на филмот “Сексот и градот”, ова не значи дека не ги следиме сценаријата и што би можело потенцијално да се случи. Кога конечно се потврди дека филмот нема да се снима, беа споделени некои детали со кои повеќе ја заинтригира фантазијата и желбата уште еднаш да ја погледнеме славната четворка.

Во јавноста излезе веста дека сценаристите имале на ум да го убијат Ѕверот во првите минути од филмот, а остатокот би се одвивал околу Кери и нејзиниот обид да го продолжи животот без него.

Исто така во медиумите се шпекулира дека ова всушност е главната причина зошто Ким Катрел одбила да го сними продолжението на филмот, бидејќи Саманта ќе падне во втор план и филмот нема да се фокусира на сите четири, туку исклучиво на Сара Џесика Паркер.

Крис Нот, кој ја игра улогата на Ѕверот, објасни дека таквото сценарио навистина му се допаднало, бидејќи тоа би било доказ дека „Sex and the city“ не е уште една предвидлива романтична комедија.

Познатиот заводник се пoжалил дека една од најлигавите сцени му била од првото продолжение на филмот кога Кери го изненадила со огромен гардеробер во нивниот заеднички стан, држејки ги чевлите на Маноло Бланик.

„Никогаш не сум уживал во филмовите, според мое мислење, тие се премногу сентиментални. Дури и хуморот е неспоредливо подобар во сериите“, додаде Крис во едно интервју.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber