Уште поголем сјај: Омилените патики на Кјара Ферањи
22 ноември, 20180
Во соработка со брендот Конверс и најпознатата италијанска блогерка Кјара Ферањи, настана празничната колекција на патики која сјае.
Тие ќе ја задоволат желбата за светки на секоја девојка, а се состојат од два дела.
Првиот дел се состои од плитки и длабоки модели на Chuck Taylor All Star Lift со сребрени и црни светки, а вториот е унапредена верзија на Chuck 70 Silhouette со поделено платно.