8 март, 20190
kajli

 Кендал и Кајли Џенер дизајнираа колекција на костими за капење за канадскиот „youth“ бренд Арден, во соработка со  нивниот бренд Кајли + Кендал. Првите снимки ги објави брендот на официјалниот  Instagram профил.

 Кендал се одлучи за костим за капење со маслинеста боја и набран материјал, кој наликува на долна облека. Додека нејзината сестра дизајнираше едноделен костим во светло-црвена боја со бели рабови и црн патент во средината.

Цената на моделот не надминува 50 долари (кога велиме моделот, мислиме на костимите за капење, а не на Кендал и Кајли, се разбира), што е пријатно изненадување пред летните денови кои едвај ги чекаме. Сестрите потпишаа долгорочен договор со брендот на брзата мода во Монтреал за дизајнирање на серија capsule колекции наменети за генерацијата Z, така што можеме да очекуваме повеќе парчиња облека во продажба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *