
Лопез одлучи да ја промени својата фризура, па сега нејзината коса е значително пократка и покадрава.
Познатата актерка и пејачка Џенифер Лопез е позната по нејзината негувана и долга коса, но изгледа дека ѝ здодеала.

Имено, таа одлучила драстично да ја скрати, а сега нејзината коса е сосема поинаква од вообичаено. Покрај тоа, нејзината коса сега е кадрава.
Џеј Ло е фотографирана додека излегувала од теретана, а за прв пат е забележана со новата фризура во јавноста.

