
Едноставна фризура која едноставно ја обожаваме!
Додека некои веќе се на одмор и уживаат во сонцето и морската сол и природната „beach waves“ фризура, има од оние кои сé уште седат во канцелариите и ги бројат деновите до летниот одмор. Малку неуредната брановидна коса која изгледа како да се капеле со морска вода е нашата омилена летна фризура, изгледа одлично во сите прилики, дури и во вечерните часови со вашиот омилен црвен кармин.
Сигурно веќе знаете дека оваа фризура многу лесно се постигнува со различни спрејови со додаток на сол, но проблемот е во тоа што повеќето од овие спрејови ќе ја исушат вашата коса, па затоа е важно да одберете квалитетни и нежни формули кои ќе ви помогнат да ја добиете вашата омилена летна фризура, а ние во продолжение одбравме 7 од нив со кои едноставно не можете да направите грешка.