7 работи кои среќните парови постојано ги кажуваат

14 февруари, 20190
фвц

Кога овие реченици ќе ви станат дел од секојневието, ќе сфатите дека „Те сакам“ може да се изрази на многу различни начини.

Ако сакате вашата врска да биде среќна и здрава, без скриена нетрпеливост или пасивнoст – агресивни коментари, мора да имате доверба и да се поддржувате меѓусебно со работи, но, исто така и со зборови кои секојдневно ги зборувате. Ова се зборовите кои ги повторуваат среќните двојки …

„Тука сум за тебе“

Двојките кои се потсетуваат дека се грижливи еден за друг, подобро да се справуваат со проблемите во животот, велат експертите.

„Можам ли да ти помогнам?“

Што и да е (од миење садови, одење во продавница, подготовка на тежок испит, болест и сериозни проблеми во животот) на секој би му било драго да слушне дека има некој на своја страна, кој сака да помогне (дури иако тие веќе тоа го знаат). Луѓето во добрите врски се целосни, независни луѓе, но тие исто така се тимски играчи.

„Изгледаш одлично“

Освен што му ласка на вашето его кога некој ќе ви каже: „Убава ти е косата денес“ или „Супер ти се фармерките“, тоа значи дека овој човек ве забележува и сака да ве потсети дека му се допаѓа она што го гледа.

„Верувам во тебе“

Мора на вашиот партнер да му дадете до знаење дека имате доверба во неговата моќ на донесување одлуки и дека верувате во неговите способности, но ова може да се каже и поинаку, како на пример “Знам дека ќе донесеш правилна одлука.”

„Благодарам“

Не забораваме да ѝ кажеме на тетката во продавница или на келнерката во ресторан, би било непристојно, но често забораваме да им кажеме на најблиските. Докажано е дека со изразување на благодарност за малите, секојдневни работи што партнерот ги прави за вас, се зголемува задоволството и квалитетот на врската.

„Извини“

Важно е да се признае грешката, така се гради довербата и се покажува дека сте одговорна личност, на која може да се потпрете.

„ДА“

Не велиме никогаш не му кажете не на својот партнер, но истражувањата покажуваат дека среќните двојки во долгите врески имаат тенденција да имаат т.н. „да-став“ секогаш кога е возможно. Ова значи дека сте отворени за прилагодување на другото лице и дека сте подготвени за компромис.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber