Aктерот отворено зборува за загубата на својот син

25 јануари, 20190
jon

„Црквата никогаш не не напушти“

Џон Траволта, 64-годишниот актер во разговорот за USA Today признава дека му помогна Скиентолошката црква да се соочи со трагичната загуба на 16-годишниот син Џет во 2009. година. Смртта на неговиот син, Џон ја нарече како најлошата работа која што му се случила во животот, признавајќи дека не знае дали оваа загуба некогаш ќе успее да ја преболи.

Имено, неговото најстаро дете, 16-годишниот син Џет, кој се бореше со аутизам и болестта Кавасаки, доживеал напад во текот на семејниот одмор на Бахамите. Во текот на нападот, силно ја удрил главата, а тој удар се покажа како фатален.

„Црквата никогаш не не остави во овие две години. Не знам дали би преживеале без нивна поддршка. Нашата црква е првото нешто што не прави поспокојни“, признава актерот.

„Нашите деца се нашиот најголем интерес во животот. Нивната иднина е најважна за нас “, изјави Џон, кој е во врска со актерката Кели Престон, откако се запознаа на сет во филмот „The Experts“ во 1989. година, а две години подоцна стапија во брак.

Покрај трагично починатиот Џет, парот ги има 18-годишна ќерка -Ела и осумгодишниот син – Бенџамин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi