Angelina Јolie му се враќа на актерството – откријте во кој филм ќе ја гледаме наскоро
„Those Who Wish Me Dead“ е новиот проект на познатата актерка.
Анџелина Џоли ќе глуми во трилерот „Those Who Wish Me Dead“, кој се темели на најпродаваниот роман на Michael Koryte. Ова е првиот ангажман на актерката од 2017. година. Во изминатите неколку години таа се посвети на хуманитарната работа.
Во филмот се зборува за едно 13-годишно момче кое, откако стана сведок на брутално убиство, влезе во системот за заштита на сведоци и му е издаден нов, лажен идентитет. Тој се крие во природа во камп за проблематични тинејџери. Атентаторите кои се одговорни за убиството, се во потрага по него и убиваат секој кој ќе им застане на патот.
Сценариото е опишано како female-drive, т.е. дека жените играат главна улога, а се верува дека Џоли игра во ликот на Хана Фабер, која живее осамен живот во природата, пред да биде вовлечена во животот на тинејџерот.