Борба за Џенифер Лопез: Поранешниот дечко полудува, а сегашниот е среќен што му завидуваат
Џенифер Лопез и пркоси на биологијата и на сите закони за стареење. Иако го прослави јубилејниот 50-ти роденден, таа изгледа двапати помлада, а тајната на нејзиниот изглед е во добрата генетика, исхраната и напорните тренинзи. Во ова има поддршка од нејзиниот емотивен партнер Алекс Родригез, кој е нејзин партнер во фитнес салата.
Нејзината најнова фотографија на Instagram, покажа многу видливи резултати од големото одрекување и напорната работа.
Никој не остана рамнодушен на нејзиниот изглед, ниту пак Пи Диди со кој беше во врска од 1999. до почетокот на 2001. година.
https://www.instagram.com/p/BtQdIKeAMQg/?utm_source=ig_embed
-О, мој Боже, напиша раперот, а поранешниот играч на бејзбол не издржа да не искоментира – Колку среќен човек сум јас – напиша кратко под фотографијата на неговата драга.