Асиметрични фармерки – дали ова е следниот голем jeans тренд?
31 јануари, 20190
Или најлошата идеја некогаш? Совршено за оние кои се неодлучни за кројот.
Познато ви е ова, кога ќе отидете во продавница и ќе најдете два пара фармерки кои ги сакате? Не можете да ги купите и двата пара, а не можете да се одлучите, па ја прашувате продавачката да земе ножици и да ви даде половина од едните и половина од другите. Или по една ногавица! Токму така изгледа новиот дизајн на фармерки на дизајнерката Ксенија Шнајдер, а дали ова е почеток на нов тренд или „one hit wonder“ проценете самите.