Откако откри дека не знае да плива, луѓето не му даваат мир…

31 јануари, 20190
jonh

Пејачот John Legend на својот Twitter профил објави дека дури сега, на четириесет години, учи да плива!

„Не знам да пливам. Денес го имав првиот час за пливање од периодот кога имав пет години“. Татко ми научи да плива во шеесеттите години, така да јас сум сè уште во водство“, напиша John. Ова изненади милиони луѓе кои го следат на социјалните мрежи, а следеа и неименувани коментари за пејачот поради неговата хит песна „All Of Me“, каде што вели : „My head’s under water, but I’m breathing fine“.

„Што се случи тогаш кога главата ти беше под вода? Дали убаво дишеше? Дали сè беше лага?” Напиша духовитиот фан и лично доби одговор од пејачот!

„Сè беше лага, Хахаха“, напиша Legend.

Додека на мнозинството им беше смешно, некои го советуваа пејачот дека е важно да научи да плива заради евентуална потреба да скокне во базенот за да ги спаси своите деца – нешто што не би можел да го направи сега.

Но, John не е осамен случај меѓу познатите луѓе кои доцна научиле да пливаат. Актерката Eva Mendes е една од нив, потоа Will Smith, кој научи пред само три години и пејачот Zayn Malik, кој се плаши од голема водена површина и поради тоа не можел долго време да влезе во базенот- а, глумеше чувар на плажа!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber