Обожавателите ја исмејаа омилената пејачка

31 јануари, 20190
ariana

Никој не може да поверува во она што го сторила.

На многумина омилената пејачка, Ариана Гранде (25), стана предмет на потсмев на социјалните мрежи откако се пофали со најновата тетоважа. Имено, Аријана објави фотографија од новата тетоважа на дланката, а обожавателите веднаш забележаа интересен детаљ. Тетоважата напишана на јапонски јзик требаше да значи „седум кругови“, а всушност пишува „скара“. Откако стана предмет на потсмев, пејачката ја избриша контроверзната Instagram фотографија, но веста веќе се прошири на Twitter и на другите социјални мрежи.

„Ова се случува кога луѓето користат Google Translate пред да одат да се тетовираат, „Замислете да имате скара на дланката“, се само некои од коментарите на корисниците на Twitter.

https://www.instagram.com/p/BtQvszdhug1/?utm_source=ig_embed

Откако се прошири приказната за нејзинината лоша тетоважа, 25-годишната Аријана одлучила да објави: „Јас сум голем обожавател на мала скара. Исто така, го изоставив знакот кој би требало да биде измеѓу, бидејќи многу болеше, но сепак изгледа убаво. Не би издржала уште еден симбол“, се обиде да се оправда младата уметничка, а изгледа дека некои ѝ поверуваа. Па така многу обожаватели на пејачката ја бранеа, велејќи дека Аријана не е „глупава“, исто така дека и таа зборува  јапонски, и дека всушност тоа сакала да го тетовира.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *