
Сцена која ретко се гледа се одигра на улиците во англискиот Њукасл.
На видеото објавено на Фејсбук се гледа како еден бездомник му ја враќа банкарската картичка на човекот кој седи на тераса во кафуле, откако тој му го кажал пинот и му дозволил да подигне 20 фунти. Видеото го сними и објави Џек Фад (27) кој работел на градилиштето во близината. За помалку од два дена, видеото го погледнале речиси 180.000 луѓе и речиси сите се изненадени од великодушноста на гостинот од кафичот, како и од чесноста на бездомникот.