Британскиот принц Џорџ денес полни шест години, а неговите родители објавија фотографии од нивниот најстар, насмеан син во фудбалски дрес на Англија за да ја одбележат оваа пригода, објави агенцијата Танјуг.
Џорџ е најстар од трите деца на принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон.
Облечен во дрес на Англиската репрезентација, ученикот се чини дека оди по стапките на неговиот татко, принцот Вилијам, кој е фан на фудбалот и клубот Астон Вила.
Шестиот роденден принцот Џорџ го прославува со неговата сестра, принцезата Шарлот и својот брат, принцот Луис на имотот во Норфолк.