
Застрашувачко и вознемирувачко видео од храбриот чин на една девојка стана вирално на социјалните медиуми.
Поточно, видеото од една улица во Кина замрзна многумина – а прикажува ужасна сцена.
Младиот човек стоеше среде улица со широко отворени раце, сакајќи да биде удрен од возило. Неговата девојка набрзо истрча на патот, а додека го убедуваше да се врати на безбедно, ја прегази автомобил!
Медиумите објавија дека на драматичното дело на младиот човек му претходела расправија и дека девојката починала.