
Иако се милионери, за некои работи очигледно се скржави.
Моделот Емили Ратајковски и нејзиниот сопруг, Себастијан Бир-Мекларен, две години одбивале да платат кирија за нивниот стан во Менхетен , соопшти сопственикот во тужбата.
Станот во кој живеат, кој се наоѓа во многу модерен кварт со познато соседство, чини 5000 долари месечно.
Со оглед на тоа што ги избегнуваат плаќањата, сопственикот на станот ги тужи и бара да го исплатат долгот од 120.000 долари, пишува во New York Post .
Се проценува дека сметката на Емили Ратајковски (27) изнесува 6 милиони долари, додека на нејзиниот сопруг (31) има 11 милиони.