
Не постои универзален рецепт за губење на тежината, но повеќето експерти се колнат во ефикасноста на комбинација од кардио вежби, исхрана богата со хранливи материи, контрола на нивото на стрес и доволно спиење. Квалитетното спиење е важен дел од секоја равенка за губење на тежината, но исто така и составен дел за одржување на посакуваната тежина.
“Важно е да бидете добро наспани. Добриот сон помага во подобро функционирање на мозокот и генерално ја подобрува вашата психофизичка состојба. Спиењето, исто така, игра голема улога во вашата способност да обрнувате внимание, да донесувате одлуки и да бидете креативни “, вели д-р. Ризван Султан од University of Texas Medical Branch, кој смета дека е потребно од седум до девет часа спиење, ако се обидувате да ја изгубите тежината. “Ова ќе ви помогне да го избегнете заморот и поспаноста во текот на денот, што обично резултира со недостаток на мотивација за спортување и било каква активност”, објаснува д-р Султан.
“Доброто спиење помага во балансот на хормоните, особено на оние кои го контролираат гладот и ситоста. Ако сте без доволно сон, нивната рамнотежа би можела да се наруши, што би можело да предизвика да се јадете повеќе отколку што е потребно “, рече д-р. Султан.